logoenmkЛабораторија за радиофармација

Лабораторијата за радиофармација е составен дел на Катедрата по Фармацевтска хемија при Факултетот за медицински науки

Лабораторија

Истражувачката дејност е насочена кон дизајнирање, развој и синтеза на нови лиганди, прекурсори и референтни молекули и методи за нивно обележување со радиоактивни изотопи наменети за дијагностички, терапевтски цели, како и за базични истражувања кои ги опфаќаат сите аспекти на развој на нови лекови и лековити препарати, истражувања од областа на фармацијата, медицината, биологијата, хемијата и сродни науки, како и за и претклинички и клинички испитувања на нови и постоечки радиофармацевтици.
Апликативната дејност на лабораторијата и понатаму ќе биде насочена кон воведување на валидирани и акредитирани постапки за дефинирање на состав, форма на специфични радиофармацевтски препарати и нивна контрола на квалитет.
Лабораторијата за радиофармација е влезена со својот кадровски и технички потенцијал во програмата за прв и втор циклус студии, како и континуирана едукација на кадри во рамките на националните и меѓународните програми од областа на радиофармацијата и радиохемијата.